НБА: Хјустон поведе со 3-2 во победи против Сан Антонио (ВИДЕО)

Хјустон Рокетс поведоа со 3-2 во серијата до четири победи против Сан Антонио Спарс во доигрувањето од Западната конференција на НБА лигата.

Кошаркарите на Хјустон до третиот тиумф во полуфиналето од Западната конференција против Сан Антонио стигнаа со синоќешната победа на гостински терен, и тоа по продолженое со 110:107 откако регуларниот дел заврши нерешено 101:101.

Рокетс до оваа победа ги предводеше Џејмс Харден кој средбата ја заврши со „трипл-дабл“ од 33 поени, а имаше и по 10 скокови и асистенции. Во редовите на Сан Антонио најефикаасен беше Кавај Ленард со 22 поени и 15 скокови.

Следниот четврти меч на програмата е во петок (12 мај) наутро во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се игра во Хјустон.

Победникот од овој дуел во финалето ќе игра против Голден Стејт Вориорс.

Во финалето пак на Источната конференција актуелниот шампион Кливленд Кавалирс го чека исходот од пресметката меѓу Бостон Селтикс и Вашингтон Визардс дуел во кој моменталниот резултат е 2-2 во победи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.