НБА: Ирвинг брилјираше во Сан Антонио, броеше до 57

Утринава на програмата во НБА лигата беа пет натпревари, а најинтересно беше на дербито помеѓу Сан Антонио и Кливленд, каде гостите славеа по едно одиграно продолжение.

“Кавси” славеа со 125:128, а симултанка одигра бекот на гостите, Кајри Ирвинг кој постигна 57 поени.

Иако “мамузите” пред крајот на регуларниот дел имаа водство и од 105:95, сепак гостите направија серија од 15:5, вклучувајќи и тројката на Ирвинг во последната секунда, која донесе продолжение.

Во екстра-времето, поуспешни беа гостите кои славеа со 15-18.

Одличен во тимот на Кливленд беше и Леброн Џејмс кој постигна 31 поен, додека кај Сан Антонио најмногу се истакна Тони Паркер со 31 поен.

НБА Резултати:

Индијана – Милвоки 109:103 (по прод.)
Вашингтон – Мемфис 108:87
Јута – Хјустон 109:91
Сан Антонио – Кливленд 125:128 (по прод.)
ЛА Лејкерс – Њујорк 94:101

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.