НБА: “Јастребите” стигнаа и до својата 16-та по ред, односно 37 победа во сезоната

Со најновиот триумф, вкупно 16-ти по ред, Атланта продолжува со победничкиот од со кој испишаа и нова клупска историја.

Перо Антиќ и соиграчите го совладаа тимот на Минесота со 112:100, што е нивна 37 победа сезонава.

Македонскиот кошаркар на паркетот помина 20 минути, а успеа да реализира 7 поени, 3 скока и 2 асистенции. Најефикасен кај домашните беше Ал Хорфорд со 20 поени, додека кај гостите Тадеус Јанг одигра одлично и запиша 26 поени.

НБА Резултати:

Атланта – Минесота 112:100,
Њу Орлеанс – Далас 109:106,
Орландо – Индиана 99:106,
Феникс -ЛА Клиперс 100:120,
Сан Антонио -Милвоки 101:95,
Торонто – Детроит 114:110,
Денвер – Вашингтон 115:117,
Голден Стејт – Бостон 114:111