НБА: “Кавси” и “Рокетси” израмнија на 1:1

Исто како и на вчерашните натпревари, каде Мемфис и Атланта израмнија на 1:1, и утринава Кливленд и Хјустон со победи против Чикаго, односно ЛА Клиперс ги вратија сериите на “нула”.

“Кавси” славеа убедлива победа, поразувајќи го Чикаго со 106:91. Најзаслужен за победата беше Леброн Џејмс со 33 поени, 8 скока и 5 асистенции, додека Кајри Ирвинг уфрли 21 поен.

Хјустон пак, успеа да победи против “клиперси”, кои повторно беа предводени од феноменалниот Блејк Грифин.

Грифин постигна 34 поени и 15 скока, но без помошта на Крис Пол не можеше да стори нешто повеќе против одличниот тим на Хјустон.

Џејмс Харден, пак, поради четири лични грешки најголемиот дел од третата четврти го мина на клупата, но “експлодираше” во последниот период со 16 поени.

Харден покрај 32 поени имаше и три скока и седум асистенции, а го следеше Двајт Хауард со 24 поени, 16 скока и четири блокади. Клиперси играа без Крис Пол, па беа предводени од Блејк Грифин со 34 поени, 15 скока и четири асистенции.

Сериите се селат во Чикаго, односно Лос Анџелес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.