Спорт

НБА: “Кеј Џи” се врати во Минесота со победа

НБА: “Кеј Џи” се врати во Минесота со победа

Кевин Мартин со 28 и Ендрју Вигинс со 19 поени беа најзаслужни што кам-бекот на Кевин Гарнет во Минесота беше одбележан со победа.

Минесота славеше против Вашингтон со 97:77, а популарниот “Кеј Џи” на овој натпревар забележа скромни пет поени.

Иако на претходните два натпревари кошаркарите на Јута славеа победи против претенденти за титулата како Портланд и Сан Антонио, утринава тие не успеаа да победат против потпросечниот тим на ЛА Лејкерс.

“Езерџиите” постигнаа 31 поен во последната четвртина за да дојдат до триумф на гости 97:100. “Рукито” Џордан Кларксон го одигра натпреварот на кариерата со 22 поени и ги предводеше Лејкерс до вториот триумф по ред или вкупно 15-ти во сезоната.

НБА Резултати:

Орландо – Мајами 90:93
Атланта – Далас 104:87
Бостон – Њујорк 115:94
Чикаго – Шарлот 86:98
Хјустон – ЛА Клиперс 110:105
Милвоки – Филаделфија 104:88
Минесота – Вашингтон 97:77
Њу Орлеанс – Бруклин 102:96
Денвер – Феникс 96:110
Јута – ЛА Лејкерс 97:100
Сакраменто – Мемфис 102:90
Портланд – Сан Антонио 111:95