НБА: Клиперс и Кингс со победи на синоќешните натпревари

Синоќа во НБА лигата беа одиграни два натпревари, а победи славеа ЛА Клиперс и Сакраменто Кингс.

Клиперси забележаа победа на гостувањето кај Мајами со 93:110, додека Сакраменто го победи Чикаго на домашен терен со 103:88.

Најзаслужни за победата на Клиперс беа Блејк Грифин и Крис Пол со по 26 поени, додека ДеАндре Џордан оствари дабл-дабл со 12 поени и 11 дефанзивни скокови. Најефикасен на средбата беше кошаркарот на Мајами Крис Бош, кој постигна 28 поени.

Сакраменто ги совладаа “биковите”, нанесувајќи им го четвртиот пораз. Вообичаено ДаМаркус Казинс беше најефикасен поединец кај Сакраменто со 22 поени, на кои надополни 14 скокови, додека Руди Геј постигна 20 поени.

Кај Чикаго најдобар беше Батлер со 23 поени и осум скокови. “Биковите” на овој дуел настапија без Дерик Роуз и Пау Гасол.