Спорт

НБА: Кливленд е првиот финалист на Истокот, Хјустон во “пол позиција” пред седмиот меч

НБА: Кливленд е првиот финалист на Истокот, Хјустон во “пол позиција” пред седмиот меч

Кошаркарите на Кливленд славеа на шестиот меч против Чикаго и со вкупен резултат од 4:2 успеаа да се пласираат во финалето на Источната конференција.

“Кавалирс” на гости со 73:94, а интересно Делаведова беше предводникот на Кливленд со 19 постигнати поени, додека Леброн Џејмс имаше 15 поени и 11 асистенции. Во тимот на Чикаго Џими Батлер одигра солидно постигнувајќи 20 поени.

На другиот натпревар Хјустон славеше и втор пат по ред, со што успеа да ја израмни серијата против ЛА Клиперс на 3:3, па сега на домашен терен ќе има прилика да “брка” пласман во финалето на Западот.

Гостите победија со 107:119, а главна причина за тоа е фактот што дури шест кошаркари на “ракетите” завршија со двоцифрен ефект. Сепак предводници на тимот беа Џејмс Харден кој постигна 23 поени и Двајт Хауард со 20 поени и фантастични 21 скок.

Во редовите на ЛА Клиперс не помогна и Пол со 31 поени и 11 асистенции, а одличен беше и Блејк Грифин со 28 постигнати поени.