НБА: Кливленд ја испушти шансата, Голден Стејт на чекор до титулата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс имаа три минути пред крајот на третиот меч од финалето во НБА лигата шест поени разлија (113:107) и можноста да се вратат во игра за одбрана на титулата, но до крајот на натпреварот не постигнаа ниеден кош, па загубија со 113:118 и така им овозможија на Голден Стејт Ворирс да поведат со 3-0 во серијата до четири победи.

Откако уверливо ги загубија двата први натпревара во Окленд, бранителите на титулата во најсилната кошаркарска лига на светот пред домашната публика во Кливленд ја дадоа својата најдобра партија во финалната серија. Во изедначениот меч ниту една од екипите не создаде позначителна предност, а во последната четвртина Калвалирс постојано беа во водство. Три минути пред крајот Џеј Ар Смит погоди „тројка“ за водство на домашните од 113:107 и се чинеше дека Кавалирс ќе дојдадт до првата победа во финалната серија,

Меѓутоа, тогаш на сцена стапи Кевин Дурант, која во самата завршница постигна седум поени, а за победата на гостите придонесоа и играчите на Кливленд кои избираа лоши варијанти за акциите во нападот што резултираше со шутеви без резон.

Годлен Стејт до победата ги водеше Кевин Дурант со 31 поен, од кои 14 во последната четвртина. Клеј Томпсон постигна поени, а Стеф Кари додаде 26 кошеви, 13 скокови и 6 асистенции.

Кај Кливленд Лебробн Џејмс постигна 39 кошеви, 11 скокови и 9 асистенции, а одличен беше и Кајри Ирвинг со 38 поени, додека Смит додаде 16 поени.

Голден Стејт Вориорс имаат неверојатна серија од 15 победи без пораз во годинешново доигрување и им недостига уште една победа до освојувњето на титулата. Четвртиот меч се игра во сабота во 3 часот по македонско време во Кливленд.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.