НБА: Кливленд поведе со 3:2, Хјустон се спаси од елиминација

Кливленд славеше против Чикаго и успеа да ја сврти серијата во своја корист.

“Кавалирс” славеа со 106:101 и поведоа со 3:2 во серијата која ја започнаа со пораз на домашен терен.

Најзаслужен за оваа победа повторно беше Леброн Џејмс со постигнати 38 поени, 12 скока и 6 асистенции, со што буквално ги “разби” гостинските кошаркари. Одличен беше и Кајри Ирвинг со 25 поени, додека кај “булси” најмногу се исаткна Џими Батлер со 29 поени.

На вториот меч на вечерта, Хјустон ја прекина серијата од два порази против ЛА Клиперс, па победувајќи со 124:103 избегна елиминација. Сепак “рокетс” сеуште се во незавидна ситуација бидејќи следниот натпревар го играат на гости, а резултатот во серијата е 3:2 во корист на Клиперси.

Џејмс Харден е човекот кој го остави Хјустон во игра за финале на западот, откако со “трипл-дабл” беше нерешлива загатка за гостите. “Брадата” постигна 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, додека најефикасен на мечот беше Блејк Грифин со 30 поени, надополнети со 16 скокови.