НБА: Кливленд поведе во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Charles Krupa/Associated Press

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс поведоа со 1-0 во серијата до четири победи откако ноќта кон четвртокот во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА лигата го совладаа Бостон Селтикс ос 117:104.

Леброн Џејмс беше најефикасниот на мечот со 38 кошеви, девет скокови и седум асистенции. Кевин Лав додаде 32 поени и 12 скокови за Кавалир кој во плеј-офот годинава имаат скор од 9-0. Минатата година кога стасаа до својата засега единствена тиутла во НБА имаа серија од 10 победи без пораз.

Бостон Селтикс ги помашија 11 од првите 14 шутеви, што им овозможи на Кливленд Кавалирс да дојдат до водство коешто не го испуштија до крајот на мечот. Првата четвртина ја добија со предност од 11 поени, на крајот од полувремето имаа предност од 26 кошеви, а на крајот од третата четвртина се намали на 17 поени.

Ејвери Бредли и Џеј Краудер за Бостон постигнаа по 21 поен, додека Ајзеа Томас додаде 17 кошеви.

Следниот натпревар се игра во петок во Бостон.