НБА: Коби со трипл-дабл го сруши Торонто, Вејд се врати и веднаш блесна

ЛА Лејкерс дури по продолжението стигнаа до четвртата победа сезонава, откако славеа против тимот на Торонто со 129:122.

До триумфот ги предводеше препородениот по повредата Коби Брајант, кој со својот 20-ти трипл-дабл во кариерата успеа да донесе малку радост помеѓу фановите на “езерџиите”. Тој постигна вкупно 31 поен, 11 скокови и 12 асистенции.

На спротивната страна Кајл Лаури постигна 29 поени, 6 скокови и 9 асистенции, но сепак тоа беше недоволно за победа на гостувањето во Лос Анџелес. Торонто на овој дуел настапи и без својот најдобар кошаркар ДеМаркус ДеРозан, којпоради повреда подолг период ќе отсуствува од терените.

ДеРозан ќе му недостасува на Торонто, но затоа пак во тимот на Мајами се врати Двејн Вејд, кој беше надвор од терените седум меча.

Тој се врати на дуелот против Њујорк и со 27 поени, 5 скокови и асистенции беше најзаслужен што неговиот тим славеше со 79:86, што е вкупно 9-та победа за нив.

Одлична вечер имаше и Крис Бош, кој запиша 20 поени и 9 скокови, додека за Никси, Кармело Ентони запиша 31 поен и 8 скокови.

Резултати:

Бостон – Сан Антонио 89:111

Детроит – Голден Стејт 93:104

Бруклин – Чикаго 84:102

Њујорк – Мајами 79:86

Феникс – Орландо 90:93

Лејкерс – Торонто 129:122

Портланд – Минесота 107:93

Сакраменто – Мемфис 85:97