НБА: Кога Дерик Роуз е расположен, Чикаго е незадржлив

Чикаго со расположен Дерик Роуз е еден од најсилните тимови во НБА

Од останатите мечеви, Шарлот славеше против Далас со 31 поен на Џеферсон, а Минесота загуби од Мајами. Портланд на крилјата на Лилард и неговите 27 поени славеше против Мемфис со 115:96.

Дерик Роуз постигна 10 поени во последните три минути од натпреварот, вклучувајќи и два шута со кои беше одлучен победникот. Покрај 29 поени, запиша и пет скока и седум асистенции, додека Џими Батлер мечот го заврши со 20 поени, а По Гасол дополни со 11 поени и 10 скока.

Булси сега имаат скор од 4-2, победа повеќе од Оклахома, кај која синоќа најефикасен беше Кевин Дурант со 33 поени, додека Расел Вестбрук запиша 20 поени.

Играч на вечерта, сепак беше Ал Џеферсон кој во втората едноподруго победа на Шарлот забележа 31 поен и 9 скока, а тоа е нивна прва победа во Далас од сезоната 2004/2005.

Расположен беше и Марвин Вилијамс со 17 поени и 12 скока, додека кај Далас Маверикс предводеше Дерон Вилијамс со 15 поени, додека Новицки, Пачулија и Пауел завршија со по 14 поени.

НБА резултати:

Портланд – Мемфис 115:96
Далас – Шарлот 94:108
Денвер – Јута 84:96
Минесота – Мајами 84:96
Чикаго – Оклахома 104:98