НБА: “Кралот Џејмс” го сруши Голден Стејт

Синоќа во НБА лигата беа одиграни два натпревари, на кои поуспешни беа домашните тимови.

Дербито се играше во Кливленд, каде “кавалирс” беа поуспешни од Голден Стејт и славеа со 110:99.

Леброн Џејмс ги предводеше стрелците со 42 поени и беше најзаслужен за победата на својот тим. Тој забележа и 11 скокови и 5 асистенции.

Леброн беше следен од Кајри Ирвинг со 24 и Кевин Лав со 16 поени и 8 скокови.

Кај Вориорси најдобар беше Дејвид Ли со 19 поени, Стеф Кари имаше 18 поени и шест асистенции, додека Дејмонд Грин мечот го заврши со 16 поени, 8 скокови и 4 асистенции.

На вториот меч од ноќешната програма Феникс беше подобар од Оклахома Сити со 117:113 по продолженија.