НБА: Леброн Џејмс стана најдобриот асистент во историјата на Кливленд

Кливленд го декласираше Далас на гости со 127:94, на мечот на кој прв пат од својата руки сезона во 2003 година Леброн Џејмс почна без лента на главата.

“Така одлучив да биде. Само по себе си дојде некако да ја тргнам лентата” – рече Леброн, кој го предводеше својот тим до убедлив триумф со 27 поени, 7 скока и 8 асистенции. Со првата асистенција на мечот Џејмс стана најдобар асистент во историјата на Кливленд со 4207 асистенции, пред Марк Прајс.

Кај Далас, кои според зборовите на тренерот Рик Карлајл, го одиграа најлошиот меч во сезоната, Чандлер Парсонс запиша 18 поени, додека Стодемаер постигна 15.

Сан Антонио за малку ќе прокоцкаше предност од 26 поени, но го совладаа Торонто за шесттиот едноподруго триумф. Најефикасен беше Каваи Ленард со 24 поени, а Тони Паркер имаше 23 поени и 9 асистенции.

Родни Стаки со 34 поени, пак, ја предводеше Индијана до шесттата едноподруго победа, овој пат над Орландо од 118:86.

НБА Резултати:

ЛА Лејкерс – Детроит 93:85
Далас – Кливленд 94:127
Сан Антонио – Торонто 117:107
Јута – Њујорк 87:82
Бруклин – Њу Орлеанс 91:111
Индијана – Орландо 118:86