НБА: Леброн го “растури” Бостон за водство во серијата од 2:0

Леброн Џејмс уште еднаш беше на висина на задачата, откако со одлична игра во последната четвртина речиси сам го однесе својот тим до втората победа против Бостон.

Кливленд славеше со 99:91, а најефикасен беше токму “Кралот” со 30 поени, а дури 15 од нив уфрли во последната четвртина. Единствен кој исто така постигна поени во последниот период беше Кајри Ирвинг, кој уфрли 9 коша.

Бостон долго време одржуваше резултатска неизвеснот на овој меч, особено поради одличната игра на резервистите кои уфрлија 51 поен (оние на Кливленд само 7), но сепак класата на Ирвинг и особено Џејмс дојде до израз кога беше најпотребно, па така Кливленд ќе патува во Бостон со предност од 2:0.

Плеј-оф резултати:

Хјустон – Далас 111:99 (2:0 во победи)

Кливленд – Бостон 99:91 (2:0 во победи)

Торонто – Вашингтон 106:117 (0:2 во победи)