НБА: Леброн и другарите направија брејк во Атланта

Атланта Хокс доживеа пораз на домашен терен на првиот меч од финалната серија на Истокот откако загуби од Кливленд со 97:89.

Дополнителен проблем по овој меч за “Јастребите” е повредата на Демари Керол. Освен што е најдобар стрелец на тимот, Керол против Кавси беше задолжен да го чува Леброн Џејмс.

“Кралот Џејмс” на овој натпревар постигна 31 поен, додавајќи 8 скокови и 6 асистенции. Сепак, јунак на тимот беше Џеј Ар Смит кој мечот го заврши со 28 поени, постигнувајќи осум тројки.

Најдобар кај Атланта беше Џеф Тиг со 27 поени, додека 16 имаше Ал Хорфорд. Македонскиот кошаркар Перо Антиќ на овој меч одигра десетина минути, не успеа да постигне ниту еден поен, а запиша само три дефанзивни скокови.

Вториот меч од финалната серија се игра ноќта помеѓу петок и сабота исто така во Атланта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.