НБА: Леброн и Кливленд го “уништија” Орландо, Портланд незнае за пораз

Најдобриот кошаркар на “кавси” Леброн Џејмс, го предводеше својот тим до убедлива победа над тимот на Орландо Меџик, со што беше прекината непријатната серија од четири порази едноподруго.

Кливленд славеше со 106:74, а Леброн постигна 29 поени и 11 асистенции. Покрај него, расположени за игра беа и Варежао со 14 поени и 6 скока и Кевин Лав и Кајри Ирвинг со по 12 поени.

Во поразениот тим најмногу се истакнаа Оладипо со 22 и Вучевиќ со 18 поени.

Портланд ја нареди и осмата победа во низа, откако успеа да слави на гостувањето кај очајниот тим на Филаделфија со 104:114.

Олстар кошаркарот на “блејзерси” Ламаркус Олдриџ постигна 33 поени на кои надополни и 11 скокови, додека Метјус и Лилард постигнаа 17, односно 16 поени. На Филаделфија не и помогнаа ни тоа што имаа тројца играчи со 20 или повеќе поени.

НБА Резултати:

Шарлот – ЛА Клиперс 92:113

Кливленд – Орландо 106:74

Филаделфија – Портланд 104:114

Торонто – Феникс 104:100

Хјустон – Њујорк Никс 91:86

Далас – Индијана 100:111

Јута – Чикаго 95:97