сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

НБА: Лејкерси конечно победија, Оклахома “мизерна” без Дурант

Лос Анџелес Лејкерс дури во десеттиот натпревар успеа да стигне до својата втора победа сезонава, триумфирајќи на домашен терен против Детроит со 97:85.

Лејкерси конечно победија - совладан е Детроит

Лејкерси конечно победија - совладан е Детроит

Поврзани вести

Со тоа, “езерџиите” спречија старт 1-9, што ќе беше најлош почеток на една натпреварувачка сезона во клупската историја.

Коби Брајант одигра дури 37 минути од синоќешниот меч и иако не беше расположен за шутирање (6/19 од поле), ѕвездата на Лејкерси сепак успеа да ги разигра соиграчите, завршувајќи го натпреварот со 17 поени и девет асистенции.

Оклахома се мачи без помошта на Кевин дурант, па тимот на Тандерс синоќа загуби на домашен терен од Бостон со убедливи 85:100.

Расел Вестбрук постигна 27 поени, но погоди само пет од 20-те шутеви од поле. Двоцифрен ефект имаше само уште Ибака, недоволно за да се слави против составот на Бостон кој одигра одлична одбрана.

НБА Резултати:

Њујорк – Њу Орлеанс 95:87
Минесота – Мемфис 106:114
Шарлот – Портланд 106:94
Атланта – Јута 96:97
Оклахома – Бостон 85:100
ЛА Лејкерс – Детроит 97:85
Сакраменто – Торонто 107:101

Најчитани вести