НБА: Мемфис конечно ја прекина серијата на Голден Стејт

Голден Стејт Вориорс загуби на гостувањето во Мемфис со што беше прекината нивната серија од 16 победи по ред.

“Вориорси” загубија со 105:98, а причина за тоа е втората четвртина, која гостите ја загубија со 33:19. Најефикасен во победничкиот тим беше Марк Гасол со 24 поени, додека Мајк Конли и Зек Рендолф постигнаа по 17. Кај гостите одлично одиграа Клеј Томпсон со 22 и Стеф Кари со 19 поени.

Резултати НБА:

Мемфис – Голден стејт 105-98
Вашингтон – Минесота 109-95
Бруклин – Мајами 91-95
Њу Орлеанс – Јута 119-111
Њујорк – Далас 87-107