НБА: Мемфис поуспешен од Сан Антонио по дури три продолженија

Атланта продолжува со одличните игри, забележувајќи ја 11-та победа на 12-от натпревар. “Јастребите” славеа убедливо на гостувањето кај моќниот Кливленд со 98:127.

По пауза од три натпревари, Перо Антиќ се врати во тимот на Атланта и имаше одличен учинок од 11 поени, 4 скока и 2 асистенции, а се’ тоа за само 13 минути игра. Инаку најефикасни во гостинскиот тим беа Шелвин Мек и Ал Хорфорд со 24, односно 20 поени. Во тимот на Кливленд, Леброн Џејмс и Дион Вејтерс постигнаа по 21 поен.

Инаку убедливо најинтересниот натпревар се одигра во Сан Антонио, каде домаќините дури по три продолженија беа поразени од одличниот годинава Мемфис. “Мамузите” загубија со 116:117 во фантистичен меч каде беа постигнати неколку неверојатни кошеви во последните секунди од регуларниот дел и продолженијата.

Продолжение се играше и на дуелот помеѓу Денвер и Хјустон, натпревар каде гостите славеа со 111:115. Одлична партија пружи тандемот Харден – Хауард, постигнувајќи повеќе од половина од поените на својот тим, вкупно 65, а 41 од нив беа дело на Џејмс Харден.

Сепак Двејн Вејд беше кошаркарот што синоќа беше најрасположен шутерски, откако уфрли 42 поени на мечот против Јута, што е речиси половина од поените на Мајами. Но останатите играчи на домашниот тим потрфрлија, па Мајами загуби со 87:105.

НБА Резултати:

Сан Антонио – Мемфис 116:117 (по три прод.)
Шарлот – Феникс 106:111
Кливленд – Атланта 98:127
Бостон – Орландо 109:92
Детроит – Далас 106:117
Мајами – Јута 87:105
Торонто – Бруклин 105:89
Портланд – Милвоки 104:97
ЛА клиперс – Индијана 102:100
Денвер – Хјустон 111:115 (по прод.)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.