НБА: Мидлтон го “сруши” Феникс во последната секунда од натпреварот

Тимот на Милвоки славеше на гостувањето во Феникс со 94:96, а херојот во гостинската екипа беше Мидлтон кој постигна тројка во последната секунда од натпреварот. Инаку најефикасен во победничкиот тим беше Брендон Најт со 20 постигнати поени.

Атланта победи со 93-86 забележувајќи го 17-от триумф сезонава. Најдобри во победата беа Ал Хорфорд со 21 поен, како и Пол Милсап со 17 поени.

Ламаркус Олдриџ, пак, со 23 поени и 14 скока го водеше Портланд до 19-та победа сезонава, а одличен беше и Демиен Лилард со исто така 23 поени, дополнети со 10 скока и 6 асистенции. Кај ослабениот Сан Антонио се истакна Каваи Ленард со 21 поен, 9 скока и 4 асистенции.

НБА резултати:

ЛА Клиперс – Детроит 113:91
Портланд – Сан Антонио 108:95
Феникс – Милвоки 94:96
Атланта – Чикаго 93:86
Торонто – Орландо 95:82
Индијана – ЛА Лејкерс 110:91
Кливленд – Шарлот 97:88
Филаделфија – Бостон 85:107