НБА: Милвоки славеше против Мајами во трилер завршница, Новицки со ново достигнување

Утринава во НБА лигата беа одиграни пет натпревари, а убедливо најинтересен беше дуелот помеѓу Милвоки и Мајами.

На 6 минути пред крајот на мечот тимот на Мајами имаше цели 14 поени предност (71:85), но следуваше фантастична серија на Милвоки од 18:3, а особено може да се издвојат последните 10 секунди, каде во една општа мешаница Мидлтон погоди удар за три поени во последната секунда со која домашните славеа со 89:88.

Инаку од синоќешната програма може да се издвои и постигнувањето на легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки, чија кариера доби нова димензија по синоќешниот натпревар на Далас Маверикс против Сан Антонио Спарс.

Ветеранот го водеше својот тим до важна победа која најверојатно на Мавс им обезбеди пласман во плеј-офот, но, од личен аспект, многу поважно е достигнувањето што тој го оствари. Имено, Германецот оствари 13 скока и стана првиот играч во историјата на НБА со над 25 илјади поени, 10 илјади скока и по 1.000 блокади и погодени тројки. Со своите 37 години, Новицки ги има речиси сите индивидуални признанија, има и шампионска титула со Далас, а на Ол-стар натпреварите има 13 настапи.

НБА Резултати:

Милвоки – Мајами 89:88
Детроит – Торонто 108:104
Далас – Сан Антонио 101:94
Оклахома сити – ЛА лејкерс 127:117
Сакраменто – Филаделфија 107:106

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.