НБА: Милвоки со победата против Индијана си ги зголеми шансите за плејоф

Невообичаено за НБА услови, синоќа беше одигран само еден натпревар, на кој Милвоки славеше против Индијана со 111:107.

Домашните кошаркари направија клучна предност во првата четвртина, која ја добија со 34:15, што на крајот успеаа да ја задржат до самиот крај на натпреварот.

Најефикасен играч на натпреварот беше Ерсан Илјасова со 34 поени, што е рекорд во неговата НБА кариера.

Со оваа победа Милвоки има по 36 победи и порази, што ги става во одлична позиција за плејофот.