НБА: Ниту 44 поени на “Кралот” не беа доволни за победа на Кливленд

Кошаркарите на Голден Стејт по дополнителните пет минути продолжение стигнаа до првата победа во НБА финалето, откако ноќеска на домашен терен го победија Кливленд со 108:100.

Во регуларниот дел беше 98:98. Во продолжението Голден Стејт имаше серија од 10:0 што се покажа решавачко за дуелот.

Најефикасен на дуелот беше Леброн Џејмс (Кливленд) со 44 поени, додека Стефан Кари (Голден Стејт) постигна 26. Во изедначениот натпревар решавачки беа поените на играчите од клупата (34:9 за Голден Стејт).

Следниот натпревар се игра на 7-ми јуни.