НБА: Ниту враќањето на Кармело не ги спречи поразите на Никси

Иако Кармело Ентони се врати во тимот, агонијата на Њујорк никако да прекине.

“Никси” загубија од Милвоки со 95:79, натпревар кој се играше во “о2” арената во Лондон, традиција која е присутна со години наназад.

Ова беше 16-ти последователен пораз за тимот од “Големото јаболко”, или вкупно 36-ти во сезонава.

НБА Резултати:

Милвоки – Њујорк 95:79

Хјустон – Оклахома Сити 112:101

ЛА Лејкерс – Кливленд 102:109