НБА: Њу Орлеанс стави крај на неверојатна серија на Атланта

Конечно дојде крај на фантастичната серија победи на Атланта Хоукс, која траеше 19 натпревари по ред.

Антиќ и соиграчите синоќа беа поразени на гостувањето кај Њу Орлеанс со 115:100, натпревар каде повторно играч на мечот за домаќините беше Ентони Дејвис.

Sвездата на “пеликаните” реализираше 29 поени, 13 скока и 2 блокади, со што апсолутно ги надигра високите кошаркари на Атланта. Антиќ на овој дуел имаше скромна минутажа, односно на паркетот помина само шест минути, за кои не успеа да реализира ниту еден поен.

НБА Резултати:

Феникс – Мемфис 101:102
Кливленд – Филаделфија 97:84
Вашингтон – Шарлот 88:92
Бруклин – ЛА клиперс 102:100
Торонто – Милвоки 75:82
Њу Орлеанс – Атланта 115:100
Оклахома – Орландо 104:97
Далас – Минесота 100:94