НБА: Њујорк конечно победи, Атланта незнае за пораз

Предводени од Пол Милсап и Мајк Скот, кои постигнаа по 20 поени, кошаркарите на Атланта забележаа нов триумф, вкупно 34-ти.

Нивна најнова жртва беше тимот на Детроит, кој загуби на гостувањето кај “јастребите” со 93:82. Најефикасен кај гостите беше Грег Монро со 16 поени.

За издвојување од синоќешната програма е и победата на Њујорк против Њу Орлеанс 99:92, што е нивна прва победа по 16 последователни порази.

Кармело Ентони постигна 24 поени и 9 скока, Галовеј дополни со 21, а Стодемаер со 14 поени.

НБА Резултати:

Голден стејт – Денвер 122:79
Мемфис – Далас 95:103
Хјустон – Индијана 110:98
Њујорк – Њу Орлеанс 99:92
Кливленд – Чикаго 108:94
Милвоки – Торонто 89:92
Шарлот – Минесота 105:80
Вашингтон – Филаделфија 111:76
Атланта – Детроит 93:82
ЛА Клиперс – Бостон 102:93