НБА: Њујорк славеше во Атланта, Леброн и Томпсон одлични против Детроит, односно Мемфис

Изминатава ноќ во НБА лигата беа одиграни 12 натпревари, на кои домаќините забележаа 7, а гостите 5 победи.

Од оние гостинските, најинтересна беше победата на Њујорк, кој славеше против Атланта со 108:112. На “јастребите” не им помогна ниту домашниот терен, ниту фактот дека настапија речиси во најсилниот состав, со исклучок на Пол Милсап, па така “никси” предводени од Галовеј, кој постигна 26 поени, 6 асистенции и 5 скока изненадувачки славеа на ова тешко гостување.

Леброн Џејмс мечот против Детроит го заврши со 21 поен, 11 асистенции и 10 скока за нов “трипл-дабл”. Најефикасен кај Кливленд, пак, беше Џ.Р. Смит со 28 поени.

Клеј Томпсон беше извонреден во дресот на Голден стејт, постигнувајќи 42 поени во триумфот над Мемфис. Зад него двоцифрен ефект имаше само Стеф Кари – 15 поени. Кај Мемфис, Адамс беше најефикасен со 19 постигнати поени.

НБА Резултати:

Шарлот – Хјустон 90:100
Кливленд – Детроит 109:97
Филаделфија – Милвоки 97:107
Атланта – Њујорк 108:112
Бруклин – Чикаго 86:113
Мајами – Орландо 110:93
Минесота – Њу Орлеанс 88:100
Оклахома – Портланд 101:90
Јута – Далас 109:92
Сакраменто – ЛА Лејкерс 102:92
Голден стејт – Мемфис 111:107
ЛА Клиперс – Денвер 110:103