Спорт

НБА: Оклахома и понатаму се мачи без повредените звезди

НБА: Оклахома и понатаму се мачи без повредените звезди

Продолжуваат маките за Оклахома без повредените Расел Вестбрук и Кевин Дурант, откако синоќа повторно беа поразени, овојпат од Голден Стејт со 86:91.

Тие на домашен терен беа поразени во натпревар на кој најефикасен беше кошаркарот на Голден Стејт, Мариз Спејтс кој постигна 28 поени надополнети со 7 скока, додека солидни партии пружија и Клеј Томпсон со 20 поени, 8 скока и 5 асистенции и Стеф Кари со 15 поени, 6 скока и 6 асистенции.

НБА резултати:

Бостон – Портланд 88:94

Мемфис – ЛА Клиперс 107:91

Мајами – Шарлот 94:93

ЛА Лејкерс – Денвер 94:101 (по продолжение)