НБА: “Пистонси” со убедлив триумф на гостувањето кај Леброн и “кавси”

Синоќа во НБА лигата беа одиграни шест натпревари, а најмногу внимание предизвика дуелот во Кливленд, каде домашниот тим беше “растурен” од просечниот тим на Детроит.

Бајката, која пред почетокот на сезоната беше нарекувана “нба титула”, полека почнува да се претвора во кошмар.

Гостите предводени од одличниот Џенингс, кој запиша 25 поени, 6 асистенции и 5 скокови, славеа со убедливи 80:103 и ги вратија во реалноста Леброн и другарите. Одлична партија пружи и Андре Драмонд со 16 поени и 17 скокови.

Кај домашните, Кевин Лав забележа 20 поени и 10 скокови, додека Леброн Џејмс одигра доста слабо, постигнувајќи 17 поени (5-19). По завршувањето на натпреварот, домашните фанови, максимално разочарани од високиот пораз, со свирежи ги испратија своите кошаркари кон соблекувалната.

НБА Резултати:

ЛА Лејкерс – Феникс 107:116
Сан Антонио – Хјустон 110:106
Далас – Оклахома Сити 112:107
Портланд – Њујорк 101:79
Денвер – Торонто 102:116