Спорт

НБА: Пол Џорџ конечно се врати, Леброн го “почасти” Чикаго со трипл-дабл

НБА: Пол Џорџ конечно се врати, Леброн го “почасти” Чикаго со трипл-дабл

Изминатава ноќ беа одиграни неколку интересни натпревари во НБА лигата, но дефинитивно момент кој ја одбележа вечерта беше враќањето на Пол Џорџ по деветмесечната пауза поради скршеница на ногата.

Џорџ уфрли 13 поени во својот прв натпревар сезонава и победата на Индијана на Мајами со 102:89, па Пејсерси со овој триумф си ги задржаа шансите за пласман во плеј-офот.

На Мајами не му помогнаа ниту 27-те поени на Двејн Вејд, на кој му останаа уште неколку шанси да го внесе својот тим во плеј-офот оваа сезона.

Џеј-Ар Смит постигна осум тројки, Кајри Ирвинг погоди од центарот, но мечот меѓу Кливленд и Чикаго го одбележа Леброн Џејмс со 20 поени, 10 скока и 12 асистенции. Смит дополни со 24 поени, а Ирвинг имаше 27 поени, 5 скока и 4 асистенции.

НБА Резултати:

Оклахома – Хјустон 112:115
Кливленд – Чикаго 99:94
Индијана – Мајами 112:89
Сан Антонио – Голден стејт 107:92
Њујорк – Филаделфија 101:91
Сакраменто – Јута 95:101
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 78:106