НБА: Поповиќ стигна до “1000-ка”, Дурант броеше до 40

Изминатава ноќ во НБА лигата имаше богата натпреварувачка програма, односно беа одиграни девет натпревари.

Вечерта ја одбележа победата на Сан Антонио против Индијана, со што тренерот Грег Попович стана деветтиот тренер во НБА лигата кој стигнал до бројката од 1000 победи.

Инаку Сан Антонио славеше со 93:95, а најзаслужен за победата на “мамузите” беше Тони Паркер со 19 поени и 6 асистенции.

Откако на натпреварот против ЛА Клиперс пред два дена, кошаркарите на Оклахома постигнаа 131 поен, и синоќа повторно беа расположени за поентирање, постигнувајќи 124 коша против Денвер Нагетс.

Тоа пред се се должи на расположениот Кевин Дурант, кој постигна 40 поени, со што го предводеше својот тим до 27-та победа сезонава. Одличен беше и Расел Вестбрук кој забележа 29 поени, 9 асистенции и 5 скока.

НБА Резултати:

Индијана – Сан Антонио 93:95
Филаделфија – Голден стејт 84:89
Вапингтон – Орландо 96:80
Мајами – Њујорк 109:95
Милвоки – Бруклин 103:97
Минесота – Атланта 105:117
Њу орлеанс – Јута 96:100
Далас – ЛА Клиперс 98:115
Денвер – Оклахома 114:124