НБА: Расел Вестбрук го “растури” Далас, Клиперси победија и без Блејк Грифин

Во првите два меча кои се одиграа по паузата поради Олстар спектаклот, домаќините забележаа победи.

Оклахома го совлада Далас со 104:89, натпревар во кој брилјираше Расел Вестбрук со дабл-дабл учинок од 34 поени и 10 скокови. Дабл-дабл забележа и одличниот центар Серж Ибака, кој постигна 21 поен и рекордни 22 скокови.

Кај “мавси” единствено Германецот Дирк Новицки одигра приближно на своето ниво и забележа 14 поени.

На другиот дуел ЛА Клиперс го совладаа шампионот Сан Антонио со 119:115, а најзаслужни за победата на домашните беа ДеАндре Џордан со 26 поени и 18 скока, 26 поени постигна и Џамал Крофорд, додека Крис Пол го заврши натпреварот со 22 поени и 16 асистенции.

Дури ни феноменалниот Тим Данкан, кој имаше 30 поени и 11 скокови не успеа да ги спаси од пораз своите соиграчи. Одлична партија пружи и Тони Паркер со 21 поен и 13 асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.