НБА: Расел Вестбрук продолжува – седми “трипл-дабл” сезонава

Бекот на Оклахома, Расел Вестбрук очигледно дека незнае за доста.

На синоќешниот натпревар против Торонто, на кој неговиот тим славеше со 108:104, Вестбрук повторно запиша “трипл-дабл” учинок, што е негов седми оваа сезона, а дури петти на последните шест натпревари. Тој синоќа забележа 30 поени, 17 асистенции и 11 скока.

По завршувањето на Ол Стар натпреварот кој се одржа во Њујорк минатиот месец, Расел Вестбрук има неверојатна статистика од 34,3 поени, 10,2 скока и 11,4 асистенции.

НБА Резултати:

Голден Стејт – ЛА Клиперс 106:98
Бруклин – Јута 88:95
Детроит – Шарлот 101:108
Орландо – Бостон 103:98
Оклахома – Торонто 108:104
ЛА Лејкерс – Далас 93:100