НБА: Сан Антонио и Оклахома запишаа гостински победи

Синоќа во НБА лигата беа одиграни само два натпревари, на кои гостите беа поуспешни и забележаа две победи.

По враќањето на Кави Леонард, Сан Антонио е сосема друг тим и продолжува да реди победи. “Спарси” синоќа го совладаа тимот на Денвер Нагетс со 99:109, а токму Леонард беше еден од најзабележителните на паркетот, постигнувајќи ефект од 17 поени и 15 скока. Одличен во гостинскиот тим беше и Тони Паркер, кој запиша 18 поени и 7 асистенции.

На Флорида пак, тимот на Мајами загуби од разиграната Оклахома, која конечно, благодарение на здравиот ростер на играчи, влегува во ритам.

“Тандерс” славеа со 86:94, а како по обичај најдобри во нивните редови беа Вестбрук и Дурент, кои постигнаа по 19 поени и 10, односно 8 скокови.