НБА: Сан Антонио победува и без двоецот Паркер – Данкан

Синоќа во НБА лигата беа одиграни четири натпревари, а успехот на домашните и гостинските екипи беше половичен.

Сан Антонио и Денвер славеа на гостувањата кај Филаделфија, односно Јута, додека ЛА Клиперс против Минесота и Вашингтон во дуелот со Мајами се натпреварите каде славеа домашните.

Сан Антонио ја совлада Филаделфија со 109:103, а шампионот овој дуел го одигра без Данкан и Паркер. Во нивно отсуство лидерската улога во тимот ја превзема Кавај Ленард, кој постигна 26 поени и 10 скока, додека кај поразените најдобар беше Мајкл Картер – Вилијамс со 24 поени, 11 скока и 7 асистенции.

Јута Џез надополни 22 поени заостанување на дуелот со Денвер, но сепак Треј Бурк не успеа да погоди тројка за победа во последните секунди. Седум играчи на Нагетс имаа двоцифрен ефект, но играч на мечот беше Тај Лосон со 15 поени и 12 асистенции.

НБА резултати:

Филаделфија – Сан Антонио 103-109

Вашингтон – Мајами 107-86

Јута – Денвер 101-103

ЛА Клиперс – Минесота 127-101