НБА: Симултанка на Дејвис во Оклахома

Синоќа во НБА лигата беа одиграни девет натпревари, а се чини најинтересно беше во Оклахома, каде домашниот тим загуби од Њу Орлеанс со 99:101.

Без помошта од Дурант, кој поради повреда е надвор од терените, Вестбрук не можеше сам да им се спротивстави на разиграните гости, особено на феноменалниот Антонио Дејвис, кој постигна 38 поени, надополнети и со 12 скока.

Во слична ситуација се најде уште еден тим од западот, Мемфис, кој без Зек Рендолф загуби на гостувањето во Кливленд со 105:91.

Марк Гасол се обиде да го надополни неговото отсуство, забележувајќи 23 поени, 11 скока и 5 асистенции зад своето име, но сепак тоа беше недоволно за да им се парира на разиграните домаќини, предводени од Леброн Џејмс. Тој постигна 25 поени и 11 асистенции, додека одлични беа и Дион Вејтерс со 21, односно Кајри Ирвинг со 17 поени.

НБА Резултати:

Торонто – Њујорк 118:108
Кливленд – Мемфис 105:91
Сакраменто – ЛА Лејкерс 108:101
Бруклин – Детроит 110:105
Мајами – Бостон 100:84
Орландо – Филаделфија 88:96
Вашингтон – Феникс 92:104
Минесота – Индијана 96:100
Оклахома – Њу Орлеанс 99:101