НБА: Спарси изедначија и останаа без Паркер, Кливленд го зголемува водството

Сан Антонио Спарс изминатата ноќ во полифиналето од плеј-офот во Западната конференција изедначија на 1-1 во серијата до четири победи откако со 121:96 ги совладаа Хјустон Рокетс, но поради повреда останаа без Тони Паркер, додека Кливленд Кавалирс поведоа со 2-0 во серијата откако во второто полувреме од полуфиналето во Источната конференција беа подобри од Торонто Рапторс со 125:103.

Тони Паркер непријатно доскокна на левата нога по шутот на почетокот од последната четвртина и ќе биде прегледан подоцна во четврток, но Спарси не очекуваат да заигра во третиот натпревар од серијата во петок.

Кауај Ентони Ленард со 34 поени, осум асистенции и седум скокови. Паркер до тој момент кога излезе од игра постигна 18 кошеви.

Кај Хјустон најдобар беше Рајан Андерсон кој мечот го заврши со 18 поени, а Џејмс Харден беше ограничен од 13 погодоци со шут 3 од 17.

Во вториот полуфинален меч, нов во Источната конференција, Леброн Џејмс за победата на Кливленд постигна 39 кошеви прескокнувајќи го така легендарниот Карим Абдул-Џабар на листата на најдобри стрелци во постсезоната. Кајри Ирвинг додаде 22 поени и 11 асистенции, додека Ченинг Фрај постигна 18 кошеви. Кај Торонто најдобар беше Јонас Валанциунас со 23 поени.

Третиот натпревар се игра во петок во Торонто.

На Џејмс пред мечот со Рапторс му беа потребни 25 поени да го мине Абдул-Џабар кој има постигнато 5.762 кошеви, на второто место од листата на најдобрите стрелци во НБА во постсезоната и таа бројка ја мина со „тројка“ во третата четвртина. Пред Џејмс сега е само Мајкл Џордан кој 5.987 кошеви постигна во 179 натпревари по завршувањето регуларниот дел од сезоната Џејмс е седми на листата на најдобрите стрелци во историјата НБА со 28.787 кошеви во кариерата, а прв е Абдул-Џабат со 38.387 кошеви.