НБА: Стеф Кари броеше до 40, Голден Стејт до 114 поени

Стеф Кари уште еднаш покажа дека е вистински лидер на овој тим на Голден Стејт, откако синоќа на гостувањето кај Мајами постигна 40 поени и го одведе својот тим до победа од 97:114.

Кари беше буквално незапирлив, постигна 40 поени (8/11 за три поени), 7 асистенции и 6 скокови, а одлична партија пружи и Клеј Томпсон со 24 поен.

Кај домаќините најмногу се истакна Крис Бош со 26 поени и 9 скока, меѓутоа останатите играчи потфрлија, па на крајот гостите беа тие што се радуваа на победата.

На остананите натпревари Атланта славеше на гостувањето во Вашингтон со 102:107, а нашиот Перо Антиќ постигна скромни 5 поени. Најзаслужен за победата на “хоукси” беше плејот Џеф Тиг со 28 поени, а Скот и Милсап додадоа по 17 поени, додека кај Вашингтон Џон Вол постигна 21 поен, а имаше и 13 асистенции.

Чикаго пак доживеа двоен пораз на гостувањето во Денвер, откако во текот на мечот го загуби Дерек Роуз, а подоцна и натпреварот воопшто.

“Нагетси” со одлична тимска игра славеа со 114:109, а дури седум кошаркари во домашниот тим постигнаа двоцифрен број поени, што на крајот се покажа и како пресудно кога е во прашање конечниот резултат.

Кај гостите најрасположени за игра беа Батлер со 32 поени и 9 скока и По Гасол со 22 поени и 11 скока.

Резултати НБА:

Вашингтон – Атланта 102-106

Мајами – Голден стејт 97-114

Милвоки – Детроит 98-86

Њу Орлеанс – Сакраменто 89-99

Денвер – Чикаго 114-109.