НБА: Тарнер со тројка го замолкна Мода Центар

Изминатава ноќ беа одиграни четири натпревари во НБА лигата, а екипите имаа половичен успех – две победи за домашните и две за гостинските тимови.

Најинтересно се чини беше во Портланд, каде домашниот тим загуби од Бостон минимално, со 89:90.

Вистинска драма се случуваше во последните секунди, а беше разрешена со тројката на Тарнер во последната секунда од натпреварот. По една навидум безизлезна ситуација, Салинџер успеа да ја додаде топката до Тарнер кој со прецизен шут донесе победа за својот тим.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ејвори Бредли со 18 поени, додека на натпреварот воопшто Демиен Лилард со 21 поен.

НБА Резултати:

Чикаго – Сан Антонио 104:81
Милвоки – Јута 99:101
Портланд – Бостон 89:90
ЛА Клиперс – Бруклин 123:84