НБА: Торонто го забележа најдобриот старт во својата историја

Со тоа, единствениот канадски тим во НБА го забележа најдобриот старт во клупската историја бидејќи никогаш досега не ја почнале сезоната со биланс 4-0.

Освен тоа, Торонто на најдобар начин го прослави својот голем јубилеј – 20 години од своето влегување во најсилната светска кошаркарска лига.

Кајл Лаури со 27 поени беше убедливо најдобар играч на мечот, а одлучувачка за победата на Репторс беше серијата од 12:0 на средината од последната четвртина. Далас беше без кош речиси четири минути и потоа немаше ниту сили, ниту време да се врати во игра за победа. Новицки беше прв играч кај Далас со 18 поени.

За разлика од Торонто, Лос Анџелес Лејкерс ги доживува најтешките денови во својата понова историја.

Вториот најтрофеен тим во НБА го претрпе и четвртиот пораз и сега има биланс 0-4. На домашен терен, Лејкерс ноќеска загубија од Денвер со 109:120 во уште една очајна партија на Коби Брајант, кој за 29 минути на теренот постигна само 11 поени.

Неговата улога сега ја зедоа Џордан Кларксон (30 поени) и Лу Вилијамс (24), но Лејкерс беа рамноправни само во првото полувреме во кое често водеа, а по 24 минути игра имаа негатива од три поени.

Целокупната стартна постава на Денвер имаше двоцифрен поентерски ефект, но се истакна Кенет Фарид со 28 поени и 15 скока.

Резултати:

Сакраменто – Мемфис 89:103
ЛА Лејкерс – Денвер 109:120
Њу Орлеанс – Орландо 94:103
Далас – Торонто 91:102
Шарлот – Чикаго 130:105
Мајами – Атланта 92:98
Детроит – Индијана 82:94