НБА: Торонто и Сан Антонио продолжуваат во доигрувањето

Екипите на Торонто Рапторс и на Сан Антониот Спарс се пласираа во полуфиналето од доигрувањето на Источната и на Западната конференција, откако со 4-2 во сериите ги елиминираа Милвоки Бакс, односно Мемфис Гризлис.

Рапторсите во шестиот натпревар против Милвоки Бакс славеа на нивниот терен со 92:89, иако го испуштија водството од дури 25 поени разлики во третата четвртина. До победата ги водеше Демар Дерозан со 32 коша.

Кори Џозеф заби пет поени во серијата од 9:0 во последните две минути, вклучителни и „тројка“ на минута и пол до крајот за победата на Рапторс.

Во полуфиналето од Источната конференција, Торонто ќе се соочи со бранителот на титулата Кливленд Кавалирс, а првиот натпревар се игра во понеделник.

И Сан Антонио Спарс ноќта кон петокот впишаа победа во шестиот меч, со 103:96 беа подобри од домаќинот Мемфис Гризлис. Спарсите во полуфиналето од Западнта коференција ќе се сретнат со Хјустон Рокетс.

Најдобар кај Гризли беше Мајк Конли кој заврпи со 26 поени, а Зач Рандолф го постигна својот чеврти „дабл-дабл“ во постсезоната со 13 кошеви и 11 скокови. Марк Гасол додаде 18 кошеви.

Кандидатот за МВП Кав Леонард беше најефикасниот играч на мечот и кај Сан антанои со 29 кошеви. Тони Паркер даде 27, а Ламаркус Олдриџ 17 поени и 12 скокови.