НБА: Торонто славеше во Милвоки и изедначи на 2:2

Кошаркарите на Торонто Рапторс како гости го совладаат Милвоки Бакссо 87:76 во четвртиот натпревар од првиот круг од разигрувањето во најсилната лига на светот НБА, со што го изедначија резултатот на 2:2 во серијата којашто се игра до четири победи.

Милвоки пред своите навивачи имаше шанса да дојде на само една победа за проаѓање во вториот круг од доигрувањето, но домашните кошаркари имаа лоша шут, особено нивната главна ѕвезда грчкиот интернационалец Јанис Андетокумбо кој постигна 14 поени со девет скокови, но од игра погоди само 6 од 19 шутови, или само 31,6 отсто. Тони Снел со 19 поени беше најефикасниот играч на Бакс.

Торонто до победата ги предводеше ДеМар ДеРозан со 33 кошеви, девет скокови и пет асистенции, додека Кајл Лоури додаде 18 поени.

Торонто како трет носител во Источната конференција сега повторно има предност на домашен терен на кој ќе го одигра петтиот меч од серијата ночта од понеделник кон вторник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.