Спорт

НБА: Три победи за гостите – две од нив после продолженија

НБА: Три победи за гостите – две од нив после продолженија

Крајно возбудливи натпревари но сосема исти епилог на дуелите во НБА лигата, па Голден стејт, Чикаго и Кливленд сега водат со 3:0 во победи на стартот од разигрувањето во плеј-офот.

Голден стејт славеше против Њу Орлеанс по продолжението со 123:119, со извонредни 40 поени на Стеф Кари, а Чикаго го доби Милвоки по две продолженија со 113:106 воден од 34 поени на Дерик Роуз.

Ништо полесна работа немаше и Кливленд кој во Бостон славеше со 103:95, а најефикасен беше Леброн Џејмс со 31 поен.

НБА Резултати:

Њу Орлеанс – Голден стејт 119:123 (0:3 прод.)

Милвоки – Чикаго 106:113 (0:3 прод.)

Бостон – Кливленд 95:103 (0:3)