НБА: Вариорс поведоа со 3-0 во полуфиналето на Западот (ВИДЕО)

(Photo: Chris Nicoll-USA TODAY Sports)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 3-0 во серијата до четири победи во полуфиналето на Западната конференција од НБА лигата, откако во третиот натпревар славеа во Солт Лејк Сити против Јута Џез со 102:91.

Голден Стејт остана непоразен и во Јута, иако до оваа победа за разлика од првите два меча во Калифорнија стасаа во самиот финиш, и тоа откако беа добро намачени од „џезерите“.

Домаќините во првите три четвртини, кога Јута беше рамноправен противник а на моменти и подобриот, во игра ги одржуваа Руди Гоберт, кој мечот го заврши со 21 поен и 15 скокови и Гордон Хејвард со 29 поени.

Меѓутоа, во второто полувреме се разиграа „воините“ водени од Кевин Дурант, на крајот со 38 поени и 13 скокови и Сивен Кари со 23 поени и шут 6 од 20, но овие две суперѕведи на НБА ги постигнаа последните 20 поени за гостите, па Голден Стејт без драматична завршница дојде до седмата победа во низа во годинешното доигрување.

Голден Стејт Вориотс стана првак на најсилната кошаркарска лига на светот во 2015 година, а минатата година беа поразени во финалето од Кливленд Кавалирс.

Четвртиот, можеби и последен натпревар од ова полуфинале, исто така, ќе се игра во Солт Лејк Сити.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.