НБА: Вашингтон поведе против Атланта

Во првиот натпревар од доигрувањето во Источната конференција на НБА лигата, кошаркарите на Вашингтон Визардс ја победија Атланта Хоукс со 114:107, со што поведоа со 1-0 во серијата до четири победи.

Гостите од Атланта подобро го започнаа мечот и по првата четвртина водеа со 29:25, а на полувремето со 48:45. Меѓутоа, во третата четвртина Вашингтон направи пресврт откако овој дел го доби со десет поени разлика (38:28). Во последната четвртина домашните играчи успеаја во настојувањата да ја одбранат предноста до конечните 114:107.

Во редовите на „волшебниците“ најефикасни беа Џон вол со 32 кошеви и 14 асистенции, Бредли Бил со 22 погодоци, и Моркиефф Морис со 21 поен и седум скокови, а Марсин Гортал додаде 14 кошеви и 10 скокови.

Атланта ја предводеа Денис Шродер со 25 поени и девет додавања, како и Пол Милсап со 19 кошеви.

Вториот меч ќе се одигра во среда 19 април, повторно во Вашингтон.