НБА: Вашингтон се избори за седмиот меч (ВИДЕО)

Кошаркарите на Вашингтон Визардс на својот терен ги совладаа Бостон Селтикс со 92:91 благодарејќи на „тројката“ на Џон Вол на три и пол секунди пред крајот од шестиот меч од конференциското полуфинале во НБА лигата и се изборија за седмиот решавачки натпревар, кој ќе се игра ноќта кон вторникот во Бостон.

Иако од игра погодуваше скромно 9 од 25, Џом Вол стана јунак на победата на Визардс откако ја погоди победничката „тројка“, што беше неговиот 26 поен, во преостанатите три и пол секунди Селтикс не успеаја да дојдат до нов пресврт, а можниот победнички шут го промаши нивниот најдобар играч, Ајзеа Томас.

Најдобар стрелец кај Визардс беше Бредли Бил со 33 поени, додека Маркиефф Морис имаше 16 поени и 11 скокови, додека Вол покрај 26 кошеви имаше и осум асистенции.

Бостон во овој дуел го предводеа Ајзеа Томас и Евјори Бредли со по 27 кошеви, додека Ал Хорфорд го заврши мечот со 20 поени и шест скокови.

Со тоа продолжи традицијата од оваа серија до четири победи во којашто екипата која беше домаќин секогаш излегуваше како победник. Тоа е добро за Селтикс кои во вторник ноќта во 2 часот по полноќ по средноевропско време ќе биде домаќин во решавачкиот меч.

Победникот од овој дуел ќе се пласира во конференциското финале во коешто ги очекува актуелниот шампион Кливленд Кавалирс, кој во првите два круга со по 4-0 ги збриша Индијана Пејсерс и Торонто Рапторс.