НБА: Во отсуство на Роуз и Кармело, Батлер ги собра аплаузите во Јунајтед Центар

Синоќа во НБА лигата беа одиграни четири натпревари на кои по две победи забележаа домашните и гостинските екипи.

Во отсуство на Дерек Роуз, Џими Батлер, кој пред натпреварот ја доби наградата за најдобар играч во Источната конференција за месец ноември, со своите рекордни во кариерата 35 поени го предводеше Чикаго до триумф над Њујорк со 103:97. Покрај 35-те поени, Батлер одличната вечер ја заокружи и со 7 асистенции, 5 скока и 4 украдени топки. Добри партии пружија и Гасол со 20, односно Брукс со 18 поени, додека кај гостите, кои исто така настапија без првата ѕвезда Кармело Ентони, најмногу се истакна Тим Хардавеј Јуниор со 23 поени.

НБА Резултати:
Голден стејт – Оклахома 114-109
Сакраменто – Милвоки 107-108
Хјустон – Њу Орлеанс 90-99
Чикаго – Њујорк 103-97

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.