Спорт

НБА: Вориорс “газат” низ НБА, Лејкерс и Никс со несреќни порази

НБА: Вориорс “газат” низ НБА, Лејкерс и Никс со несреќни порази
Голден Стејт продолжува со одличнити игри на стартот од сезоната - последна жртва е Мемфис

За Вориорс ова е најдобар старт во последните 55 години, а последен пат ваков старт од 9-0 имаа во сезоната 1960/1961, кога уште беа во Филаделфија.

Утринава шампионите го победија Мемфис со 100:84 на домашен паркет. Стеф Кари со 28 поени и Андре Игудала со 20 поени беа најзаслужни за победата на Голден Стејт.

Лејкерс и Никси воопшто немаа среќа на натпреварите кои ги одиграа против Орландо, односно Шарлот.

Со кошот на Никола Вучевиќ во последната секунда од натпреварот, Орландо славеше против ЛА Лејкерс со 101:99.

Најефикасен во победничкиот тим беше Шабаз Напиер со 22 поени, додека кај гостите Рој Хиберт постигна 15 поени.

Њујорк пак од друга страна загуби, бидејќи Коди Зелер на 0,6 секунди до крајот погоди положување за Шарлот и му донесе победа на својот тим од 95:93.

Исходот можеше да биде поинаков ако важеше тројката на Кристапс Порцингис, но судиите проценија дека неговиот шут е упатен откако сирената го означи крајот на натпреварот.

Резултати:

Шарлот – Њујорк 95:93
Орландо – Лејкерс 101:99
Филаделфија -Торонто 103:119
Бостон – Индијана 91:102
Атланта – Њуорлеанс 106:98
Далас – Клиперс 118:108
Хјустон – Бруклин 98:106
Мемфис – Голден Стејт 84:100
Денвер – Милвоки 103:102
Сакраменто – Детроит 101:92
Портланд – Сан Антонио 101:113