НБА: Вориорс надоместија негативa од 25 поени и поведоа против Спарс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 1-0 во серијата до четири победи против Сан Антонио Спарс во финалето од плеј-офот на Западната конференција од НБА лигата, благодарејќи на драматичната победа од 113:111 во првиот меч игран на нивниот паркет.

Гостите од Сан Антонио го почнаа натпреварот како што посакуваа, во текот на втората четвртина имаа водство и од 25 кошеви (44:19), а на полувремето заминаа со предност од 20 поени во своја полза (62:42).

Кај Вориорс во првото полувреме беше забележливо дека долгата пауза, имаа шест дена без натпревар откако во конференциското полуфинале ја елиминираа Јута Џез со чисти 4-0, ги исфрлила од ритамот. Беа бавни во одбранбените реакции, а ниту нивните шутери Стеф Кари, Кевин Дурант и Клеј Томпсон, не успеваа да го фатат ритамот во нападот. Од друга страна, пак, Спарсите беа растрчани по теренот предводени од својот најдобар играч Кави Ленард кој во првото полувреме уфрли 18 поени со 8 скокови.

Клучниот момент на натпреварот се случи по четири минути игра во третата четвртина, кога Ленард незгодно доскокна на својот веќе отечен глужд, откако со прекршок го сопре Заза Пачулиа. Крилниот играч на Спарси ги погоди двете слободни фрлања за водство на својата екипа од 78:55, но потоа мораше да излезе од теренот и веќе не се врати во игра. Веднаш по излегувањето на Ленард домаќините за само три и пол минути направија серија од 18:0 со којашто целосно се вратија во мечот.

Сан Антонио сепак успеваше да го задржи водството до четири минути пред крајот, кога Голден Стејт со забивањето на Кевин Дурант поведоа со 101:100. Но борбените кошаркари од Тексас и натаму не се предаваа, со кошевите на Ламаркус Олдриџ и Џонатан Сајмонс стасаа до предност од 106:103 на почетокот од последниет две минути.

Но тогаш следеше можеби и клучната акција на мечот, кога Кари промаши „тројка“ за изедначувње, но ја прифати топката во напад, ја додаде до Дурант кој исто така не погоди за три поена, но во скокот повторно поуспешни беа Вариорс и Кари доби нова можност за изедначување. Третата шанска домашните не ја промашија, а потоа со одличните реакции во одбраната и кошевите на Грин и Кари поведоата со 111:106 на 38 секунди пред крајот.

Спарси, сепак, успеаја да се приближат на 111-110 за Кари да погоди за 113:110 на 9,5 секунди пред крајот. Во последната акција гостите имаа можност да се изборат за продолжувања но обидот на Олдриџ за „тројка“ миона низ обрачот. Пати Милс во последната секунда го фати ова промашување на Олдриџ, по што Томпсон го запре со даул. Бекот на Спарс го погоди првото слободно фрлање и намерно ги промаши второто, но неговите соиграчи не успеака да дојдат до топката и да поентираат.

Кари со 40 и Дурант со 34 кошеви ги предводеа Вариорс, додека Ленард со 28 и Олдриџ со 26 кошеви беа најефикасните кај Спарс.

Вториот натпревар ќе се игра, исто така, во Окленд, ноќта кон средата, а пласманот во големото финале на лигата ќе го избори екипата којашто прва ќе стаса до четири победи.